Швеѓаните воведоа шестчасовно работно време, без да ги намалат платите


Експериментот со скратено работно време, кој во април 2014. година го започна Владата на Гетебург даде позитивни резултати. Имено, во еден старечки дом одлучено е работното време да се скрати од осум на шест часа дневно, а притоа работниците да ја задржат истата плата.

Целта на ова било да се намали бројот на боледувањата, а истовремено да се поттикне продуктивноста за да се заштеди државниот буџет, пренесува Нетпрес.no work

Кога е забележано дека задоволните работници подобро ги негуваат старите лица, овој модел го преземале и некои други установи.

Експериментот покажал дека работниците поради помалку работа имаат поквалитетен приватен живот, што им овозможува повеќе да допринесуваат за работата, а дома да водат подобра грижа за своето семејство.

– Некогаш постојано бев исрпена. Ќе дојдев дома и мислев дека ќе се онесвестам на софата. А сега имам многу повеќе енергија и елан како за работата, така и за семејниот живот, рекла една од медицинските сестри кои учествувале во експериментот.

Интересно е и дека и други компании започнале да спроведуваат слични тестови поврзани соработното време, а резултатите исто така биле добри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1