Вил Смит донирал 150 000 долари на терористичката организација „Нација на исламот“


Актерот Вил Смит и неговата сопруга Џеда донирале 150.000 американски долари на една невладина организација поврзана со терористичка група, објави „Рејдар онлајн“.vil-smit-zena

Вил и Џеда донирале средства за организацијата „Нација на исламот“, која се поврзува со американската црнечка терористичка група „Црни пантери“, позната по својата отворена поддршка и пропагирање на убиствата на белци.

Средствата што ги донирала брачната двојка Смит биле наменети за орагнизација на собир во Вашингтон насловен „Правда… или!“, што треба да се одржи следниот месец по повод 20-годишнината од маршот „Милионити човек“ од 1995 година, во кој учествувал и самиот Вил.

– Двојката донираше 150.000 долари за трошоците за претстојниот историски собир – изјави претседателот на „Нација на исламот“, Луис Фаракан, кој е познат по својата реторика полна со омраза кон полицијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1