Радикални исламисти во Германија регрутираат бегалци


Претседателот на германската Федерална канцеларија за заштита на уставот, Ханс Георг Масен предупреди дека радикални исламисти салафисти се обидуваат да регрутираат муслимани сунити меѓу бегалците во Германија.

– Ние го следиме однесувањето на салафистите како филантропи и хуманитарци кои намерно сакаат контакт со бегалците и потоа ги повикуваат во одредени џамии со цел да ги регрутираат за сопствени цели, изјави Масен за весникот „Рајнiше пост“.

isis-flag-imigrants.jpg500

Масен ги минимизираше стравувањата дека групата „Исламска држава“ би можела да испрати свои терористички групи измешани со бегалаците во Германија, истакнувајќи дека Федерална канцеларија за заштита на уставот и Федералната разузнавачка агенција следеле многу траги и не пронашле било какви знаци дека такво нешто постои.

Патиштата по кои се движат бегалците се премногу опасни за терористи, бидејќи така ризикуваат смрт или можност да бидат откриени, истакнува Месен.

Експертите за безбедност сметаат дека ризикот за терористички групи како ИД да успеат да прошверцуваат екстремисти во Европа заедно со бранот бегалци е многу помал од тоа што го престатвуваат некои политичари.

Германската влада годинава очекува околу 800.000 бегалци, пред се муслимани од Сирија, Ирак и Авганистан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1