Шверцувал питон, камелеон и шкорпии – завршија во Зоолошка (Фото)


Македонец ги пренесувал малите влекачи со камион со бугарски регистарски таблички. Ги превзел од српски државјанин во близина на Белград, а обидот за криумчарење е спречен при влез на Табановце.

Во кабината на камионот најдени се четири единки леопардов гекон, четири камелеони, една голема шкорпија, три пченкарни змии, два кралски питона, една млечна змија, четири црно-бели калифорниски кралски змии и една калифорниска кралска змија со линии.

Дел од нив се заштитени со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна, на која Република Македонија е потписник од 2000 година.

Животинките се згрижени во Зоолошката градина во Скопје, вкупно 20 на број. Една од змиите не го преживеала транспортот. Вредноста запленетите животни е околу 4.000 евра, а биле наменети за Битолчанец. Против осомниченото лице Царината ќе поднесе соодветна пријава, а истрагата ќе продолжи со цел откривање на сите инволвирани во шверцот на животни, изјави Ванчо Каргов, директор на Царинска управа.

Фото – Утрински весник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1