„Си-Ен- Ен“: Хуго Чавез е мртов – Каракас демантира (Видео)


Веста сама по себе не е неверојатна, бидејќи контроверзниот политички лидер веќе некое време се бори со ракот и со месеци не се појавува во јавноста, па дури не можеше да дојде ниту на својата инаугурација.

hugo-chavez-deadПретседателот на Венецуела Хуго Чавез е мртов, објави Си-Ен- Ен, повикувајќи се на поранешниот амбасадор на Панама во Организација на американските држави (ОАС), Гилермо Гочез.

Откако се врати од Куба, каде по трет пат беше на лекување, Чавез има проблеми со дишењето. Тешко е болен и тоа сите го знаат.

Гочез изјавил дека Чавез е клинички мртов уште од 30 декември, па вештачки е одржуван во живот и дека неговата ќерка пред четири дена, конечно одлучила да ги исклучи апаратите.

Претставници на венецуелските власти изминатите денови изјавуваат дека иако е во болница Чавес се уште управува со земјата. Заменик-премиерот Николас Мадуро во вторникот истакна во телевизиско обраќање дека независно од проблемите со белите дробови Чавес „дава укази во писмена форма и со помош на други средства и оти работи за својот народ“.

Според Мадуро, Чавес, кој до неодамна беше лекуван во Хавана од рак, е подложен на мошне тешки дополнителни зафати, но додаде дека „претседателот знае дека до него има луѓе подготвени во секој момент да ги исполнат неговите наредби“.

Мадуро истакна дека биле одржани три работни состаноци со вкупно траење од пет часа. Чавес, според Мадуро бил енергичен и многу среќен што повторно е во својот град, Каракас. 

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1