Велес во Македонија некогаш бил Титов Велес и бил познат како место каде се произведувало порцелан за цела Југославија.Во овој град денес се сместени неколку оператори што произведуваат лажни вести, дизајнирани да привлечат внимание на Американците. Секој клик додава пари на нивниот профил, пишува CNN.Еден од пионерите во тоа “индустрија” е Михаил (24), како што го потпишува CNN, иако не е неговото вистинско име.На интернет се претставува како “Џесика” и под тоа име води неколку страници на Фејсбук и неколку интернет страници кои се обраќаат конзервативни цитатичари во САД.Вестите му се главно политички и често се лажни. Тоа воопшто не го загрижува.
“Не ме интересира што читаат луѓето.Јас со своите 22 години заработив повеќе отколку што некој во Македонија заработува за целиот живот”, вели тој.
Според неговите зборови, од рекламите заработува по 2.500 долари дневно во земја во која просечна плата е 426 долари. Профитот првенствено доаѓа од услуги како Google AdSense кој рекламите ги поставува на интернет. Секој клик му носи заработувачка.Парите што ги заработил ги потрошил на купување куќа и на школување на помладата сестра. Овој поранешен студент на право вели дека во еден момент имал 15 работници, меѓу кои и двајца од САД.
Неговата последна страна имала 1,5 милиони следбеници на Фејсбук,пред да биде блокирана пред неколку месеци откако Гугл и Фејсбук почнаа да ги следат лажните вести.Михаил сега се подготвува повторно да започне бизнис.
Мирко Чешелкоси подучува Македонци, вклучително и млади од Велес, за основите на индустријата на лажните вести. Цеселкоси тврди дека неговите студенти заработуваат најмалку 1.000 евра дневно.
Според негова проценка, околу 100 негови студенти во моментов водат политички портали во САД. Тој им помага да создадат портали кои изгледаат професионално, имитирајќи ги легитимните кои имаат дури и ознаки за “ударни вести”.
Трикот е во тоа, вели Цешелкоски, да се најде читалива тема која во САД е во тренд, а потоа “да се направи да биде уште сензационална”.
Цешелкоски се пофали дека најмалку четири негови ученици веќе имаат милиони, возат скапи германски автомобили, додека другите купуваат имот, објави CNN.