Си го фрлила новороденчето низ прозор – докторите се борат за неговиот живот


Шпанската полицијата уапси жена која, пради тоа што во тајност се породила во куќата на своите родители во мадридската населба Каниљихас, со фрлила своето тукушто родено дете, објавија локалните медиуми.

bebe korpaВо полициското соопштение се наведува дека жената се породила рано утрото на католичкиот Бадник, на 24 декември, по што ја пресекла папочната врвца, бебето го завиткала во фармерки и го фрлила низ прозорец.

Недолго потоа од родителите побарала да ја одвезат до болница поради обилното крвавење. Нејзината мајка, која не знаела дека ќерката и е бремена, неколку часа потоа случајно погледнала низ прозорецот кон дворот и го здогледала бебето.

Брзо отишла по него и повикала полиција. Полицијата го пронашла измрзнатото бебе без пулс, но му направиле реанимација до доаѓањето на брзата помош.

Момчето преживеало, но се наоѓа во тешка состојба.

Мајката е уапсена под обвиненија за обид за убиство, соопшти полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1