Млад брачен пар во Кина е осомничен дека од 11-от кат го фрлиле своето бебе старо седум дена.
Еден од соседите по инцидентот пред полицијата изјавил дека слушнал расправија на 11 кат непосредно пред да биде фрлено бебето.
– Пет минути по расправата жена во црн фустан плачејќи истрча од зградата и тргна кон мртвото бебе, изјавил соседот.
Полицијата се уште не излегле со официјални информации, тие само ијавиле дека младиот брачен пар е префрлен во болница поради можни психички проблеми и дека истите ќе бидат сослушани веднаш по лекарскиот преглед.