Си ја најавила смртта – последните статуси на ќерката на српската пратеничка


Ќерката единица на пратеничката од Демократската странка Нада Бодрожиќ, 31-годишната Ивана Бакиќ Бодрожиќ погребана е денеска на гробиштата во Сириг, покрај нејзиниот татко кој починал пред две години.

Младата Ивана беше пронајдена мртва во соба во хотелот Хајат во Белград.  Телото на несреќната девојка го пронашол еден од вработените. Наводно, во десната рака имала шприц, па се претпоставува дека се предозирала.ivana-b

Несреќната Ивана непосредно пред смртта на Фејсбук објавила статус:

– Се борам. И против себе и против другите. Емоции? Не, фала. Не се каам за тоа што го направив. Така требаше да биде. Се променив. Животот ме промени. Се смеам, плачам, паѓам, па станувам, сакам, дишам. Секогаш оптимистична. Со време посилна и посилна. Нема откажување, не ме створил Бог за тоа. Секогаш храбра да кажам два збора: „Добро сум“, напишала Ивана во четвртокот.

Во понеделникот, Ивана поставила мистериозен статус во кој го наведува следново:

– Има една бедна и тажна и многу грда жена која имала среќа што како млада не била грда… И на основа на тоа живее во заблуда и лаги со години… Сожалувањето е сериозно… Има еден човек кого го сакам најмногу на свет и поради кого би направила се`. Кој е единствен во мојот живот и веќе 7 години само тој постои за мене. Поради кој се` би направила. И никогаш не би го повредила, кој бавно ме убива…

Ивана е погребана со песната „Жуте дуње“ и „Дунавски тамбураши“ на селските гробишта во Сириг, кај Нови Сад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1