Си ја породил жената во болнички ходник


Таткото Ѕвездан Ристиќ (46) сам ја породил својата сопруга во ходникот во болницата „Д-р Алекса Савиќ“ во Србија, неколку минути пред да дојде докторот.

– Во исчекување на породувањето, се почна во раните утрински часови кога жена ми почна да крвари. Се качивме во кола и тргнавме кон болница, а по пат таа се жалеше дека чувствува се поголеми болки, а и крварењето се засили. Во тие моменти многу се уплашив дека можеби нешто со бебето не е во ред. Кога стигнавме на болничкиот паркинг, таа не можеше ни да оди. Не виде една медицинска сестра од влезот и тргна да повика помош – раскажува Ристиќ.

Влегле во болницата, но лифтот кој требаше да ги однесе до одделот за гинекологија бил заклучен.

– Во тие моменти додека чекавме некој да дојде забележавме дека веќе главата на детето почнува да излегува, па инстиктивно ја наместив сопругата на столчињата. Многу брзо, за само неколку секунди, како само да излезе, а јас го задржав да не падне на подот. Неговиот силен плач малку ме уплаши дека нешто не е во ред – вели таткото Ѕвездан.

Тој раскажал дека кратко откако неговата сопруга се породила пристигнале доктор и медицинска сестра од горниот кат, по што го земале бебето и ги преместиле во одделението за гинеколологија за на крај се да заврши како што треба.

Малата Калина која немала трпение да излезе на свет дошла со 2,6 килограми и 54 сантиметри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1