Британецот Ричард Бутам отворил кесичка со чипс, но наместо тоа, добил цел компир.
Според „Дејли мејл“, 25- годишниот Ричард им ја покажал кесата со компирот на своите колеги, што ја купил предходно во најблискиот супермаркет.
– Кога ја земав кесата помислив дека чипсот се згрутчил. Кога ја отворив кесата сите во канцеларијата се смееја, изјавил тој.