Си купил слики за 23 евра и си ги закачил во кујна – вредат над 10 милиони евра


Слики вредни над десетина милиони евра се украдени во 1970 година од куќата на богатото лондонско семејство Марк-Кенеди, за да потоа истите бидат заборавени во воз кој сообраќал меѓу Париз и Торино.

Ukradene slike, foto 2Две слики вредни десетици милиони евра, кои се украдени во 1970 година во Лондон, се пронајдени по долгогодишна истрага, на Сицилија, во куќата на еден пензионер кои ги држел закачени на ѕидот во неговата кујна, соопшти денеска италијанската полиција. „Се работи за слики од историско значење во уметноста“, изјавил генералот Мариано Моса, кој се наоѓа на чело на полициското одделение задолжено за културно наследство.

Slika Pol GogenaТој на конференција за новинари во Рим во присуство на министерот за култура Дариј Франческини, го прикажа текот на истрагата која довела до откривање на делата на францускиот импресионист Пол Гоген (1848-1903) и Пјер Бонар (1867-1947) Генерал Мос наведе дека само делото на Гоген се проценува на неколку десетина милиони евра.

Сликите се украдени во 1970 година од куќата на богатото лондонско семејство Марк-Кенеди. За да потоа бидат заборавени во воз кој сообраќал меѓу Париз и Торино. Откако поминале одреден период во бирото за изгубени работи на станицата во Торино, сликите во 1975 година се продадени на аукција на еден работник во фабриката Фиат за 45.000 лири (23 евра). Тој пак немал поим дека е сопственик на дела на врвни уметници.

„Ги закачил на ѕидот во кујната, најнапред во својот стан во Торино, а потоа и во куќата во Сицилија каде се преселил откако заминал во пензија. Тука стоеле во наредните 40 години“, изјавил Моса.

Карабиниерите успеале да ја решат мистеријата на основа на фотографиите до кои дошле и претрагата низ каталогот на музејот, акциската куќа и инернетот. Италијанската полициска служба задолжена за културно наследство располага со најголемата банка на податоци за украдени уметнички дела, а веќе 45 години нејзината експертиза во овој домен е високо ценета“, пишува Франс прес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1