Што говори должината на вашите прсти за вас?


Дали домалиот прст ви е подолг од показалецот?

finger-ratio-COVERАко е, веројатно имате висок коефициент на интелигенција, низок ризик од срцев удар, помал ризик од рак на простатата, поголеми шанси за успех на финансиско поле, атлетски способности, па дури и подолг пенис.

Научниците го нарекуваат „однос на прстите“, а една нова студија спроведена на универзитетот Флорида, дефинитивно потврди дека што подолг домал прст имате, толку повеќе сте биле изложени на тестостерон уште во мајчината утроба.

„Постојат многу последични докази поврзани со односот на прстите и сексуалните разлики“, вели коавторот на студијата, Мартин Кон. Според него, станува кристално јасно дека некои особини и болести кај возрасните луѓе можат да влечат корени од хормонални пореметувања настанати уште во пренаталниот период.

Ако му веруваме на Џон Т. Менинг, кој всушност ја воочи врската помеѓу должината на прстите и изложеноста на хормони во утробата, односот на прстите најчесто го предвидува талентот за атлетика.

Сепак, ништо не може да се тврди со сигурност. Како што вели Кон, „совршено нормални мажи со совршено ниво на тестостерон, имаат долги показалци“.

365.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1