Си направил канцеларија во кола – го фатиле и ќе плати казна


Германската полиција била зачудена кога сопрела за рутинска контрола возило форд караван. Сопственикот од возилото направил вистинска канцеларија и од него можел да го води целиот бизнис додека вози.  

35 годишниот човек на таблата во автомобилот закачил лап топ, принтер, рутер, wireless интернет stick, WLAN антена, и агрегатор за струја. Полицијата сакала да го казни и за тоа но немале докази дека ја користел инсталираната опрема додека возел и минал само со 120 евра казна за брзо возење и ќе добие дополнителна казна бидејќи имал неосигурани предмети во неговата кола кои потенцијално би можеле да му го одвлечат вниманието.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1