Во колку часот ќе умрете? Откриен ген кој го предвидува времето на смртта


Научниците откриле ген – или варијација на ген кој влијае на човечкиот биолошки часовник. Генот е толку прецизен што дури може да се предвиди времето во денот кога личноста најверојатно ќе почине.

Научниците се надеваат дека со помош на овој ген ќе може да се предвиди кога е најверојатното време некое лице да добие срцев удар или мозочен удар и на тој начин да им се дадат медикаменти кои ќе се поефикасни или да се знае кога некои болнички пациенти да бидат надгледувани почесто.

Тимот американски научници го открило генот случајно изпитувајќи го развојот на алцхајмеровата и паркинсовата болест.

Набљудувале при спиење 1200 здрави 65 годишници. Нашле една молекула во близина на генот именуван како ‘Period 1’ која во својата база содржи или adenine (A) или guanine (G).

Почест кај испитаните бил типот A. Лицата со АА генотип природно се будат еден час порано од оние со ГГ генотип. Оние со АГ пак се будат речиси во средина меѓу првите два генотипа.

Оние со АА или АГ генотип починале нешто пред 11 часот претпладне ( просечно) а оние со ГГ генотип нешто пред 18 часот.

Водечкиот научник на оваа студија Andrew Lim, изјавил дека биолошкиот часовник може да предвиди однесување на телото и доколку го разбереме ќе бидеме во можност да го предвидиме точното време на удар или инфаркт,,

Овој ген не го предвидува денот кога ќе умрете, но речиси непогрешиво го предвидува часто кога тоа ќе се случи, во кој дел од денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1