Ерик Дукарм (22) е пливач кој место гаќички за капење носи „опашка“ на сирена. Тој е првата „машка“ сирена
Во интервју за медиумите тој вели дека „јаде, спие и диши како сирена“. Се обидува да ги имитира секогаш кога ќе се најде во вода. Љубовта кон сирените кај него се родила како дете, кога дедо му и баба му го однеле на претстава со сирени од кој бил воодушевен.
Сирените се и негова професија и има сопствена фирма за производство на опашки на сирени. Сега има и сопствено шоу, кое е многу посетено, а неговите опашки се дел од сценографијата на многу филмови , спотови и серии. Од него купувала и Лејди Гага.