Мумифицираното тело на сибирската „ледена принцеза“ така е добро сочувано, што и 2.500 години после смртта, на нејзината кожа се гледаат тетоважи. Сибирската принцеза од ледот била извадена во источниот дел на Русија на планината Алтај во 1993 година. Во меѓувреме, научниците открија која била таа и како таа и нејзиниот народ живееле, пишува „Хафингтон Пост“.
Но, никој до сега не знаел како оваа 2о-годишна жена починала во петиот век пред нашата ера.
Користејќи магнетна резонанца, руските научници отркија дека многу веројатно е дека боледувала од рак на дојката.
– Тука станува збор за тумор на десната дојка, а метастазите се видливи на лимфите. Прилично сум сигурен во дијагнозата, рече членот од истражувачкиот тим Андреј Летиагин.
Магнетната резонанца покажала и дека принцезата имала инфекција на коските, а евидентирани се и повреди конзистентни со паѓање, се претпоставува паѓање од коњ.
Со цел да се справи со болките, најверојатно прибегнала кон канабисот, затоа што покрај нејзиното тело пронајдена е опрема за користење на таа супстанца.
– Најверојатно на болната жена за редовна инхалација на канабис ова и било потребно, напиша археологот, Наталија Полосмак во списанието „Science First Hand“.