Случај Дениса: Зошто се молчи? Ако брзо не се објави резултатот ќе реагира и министерот за надворешни


Се уште се чека финалето на случајот со исчезнатата Дениса. Сите најави и рокови оддамна  помина, а резултатот со ДНК  анализата, кој треба да покаже дали телото пронајдено кај Карпатос е на Дениса, се уште не е пристигнат во Македонија. АЛФА од свои извори дознава дека земјава веќе неколкупати реагирала до грчката страна и Интерпол поради бавноста со која се води постапката.denisa brod
Од таму добиле само молба да бидат трпеливи, но трпението веќе оддамна на сите им  “истече”. Доколку во наредните неколку денови не пристигнат резултатите, лично министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе реагира за да се забрза постапката, дознава АЛФА.
Инаку, грчките истражни органи најавија дека за најмногу 48 часа ќе биде готова ДНК анализата. Потоа рокот се пролонгираше за 5 дена, но од тогаш поминаа  17 дена.
Дениса исчезна на 12 септември од рускиот туристички брод Серенисима додека тој пловеше на отворено море во околината на Крит. Целиот случај со  судбината на 23 годишната прилепчанка  е мистичен, имајќи предвид дека Дениса пред да исчезне разговарала со некое лице  чии идентитет не се открива, а нејзиниот мобилен телефон, со извадена СИМ картичка, беше пронајден на палубата од бродот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1