Половина литар „кока-кола“ бара шест и пол километри трчање


Да сте знаеле дека морате да претрчате шест ипол километри за да ги истопите калориите од шише „кока-кола“, дали би ја конзумирале?

Шише „кока-кола“ од половина литар содржи 210 калории што е повеќе од една десетина од потребниот внес на калории за жените.

Научниците тврдат дека поголемиот број на луѓе не читаат информации за калориите кои се наоѓаат на амбалажите на производите и не ги разбираат како пораки кои се важни за нивното здравје.Coca-Cola Post Strong Earnings

Затоа  се предлага поинаков начин – да се информираат луѓето дека им е потребно да трчат 42 минути, односно околу шест ипол километри за да ги стопат калорите кои содржат половина литар „кока-кола“. Истражувачите од „Џон Хопкинс Блумберг“ од школата за јавно здравје во Балтимор открија дека на тинејџерите на кои им е соопштена оваа информација одбрале поздрави пијалаци или помали шишиња.

Тие тврдат, дека ако на менито пишува дека еден двоен чизбургер бара прошетка од осум километри за топење на сите калории, луѓето би одбрале помал хамбургер кој содржи помалку калории.

Истражуачкиот тим поставил знаци во шест продавници во Балтимор претставувајќи ги фактите за газираните пијалоци. На знаците пишува дека за согорување на 250 калории потребни се 50 минути активност.

Резултатот од ова истражување беше пораст на продавање на здрави пијалаци и вода, а драстичен пад на продажбата на калоричните сокови особено од страна на младите луѓе.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1