СИДА во Русија: Прават вакцина


Во 2014 година бројот на болни од СИДА во Русија изнесува околу 840 илјади. Првиот човек на центарот за профилактика и борба со СИДА професорот Вадим Покровски предвидува дека бројот на заразени во 2015 година ќе достигне до 1 милион. Неговите прогнози не се остварија, со оглед на тоа дека 180 илјади од болните во меѓу време починале.sida4

Централниот институт за епидемиологија sпроведува истражувања на генска терапија, која може да го убие вирусот во самиот геном и во целост да го излечи од вирусот ХИВ. Сепак, според експертите, ќе бидат потребни најмалку пет години за лекот да може да влезе во клиничка практика.

Во Новосибирск, во Државниот научен центар за вирусологија и имунологија се создава полиепитопна вакцина, во Санкт Петербург во Биомедицинскиот центар и во Државниот научно-истражувачки центар се прават посебно чисти биопрепарати – ДНК-вакцина, во Москва во Институтот за имунологија при Руската академија за медицински науки, пак, се прави вакцина врз основа на рекомбинатна белковина.

„Нашата вакцина содржи синтетизирана белковина добиена со гено-инженерски метод, во која има фрагменти од вирусот и од внатрешната белковина, – раскажува за ‘Руска реч на македонски’ Рахим Хаитов, научен раководител на Институтот за имунологија. – На него хемиски е пришиен молекул-имуностимулатор. Заедно тие предизвикуваат мошне силен имунитетен одговор. Така во организмот на заразениот човек се создаваат антитела кои го неутрализираат вирусот“.

Вакцината може да ја исполни својата задача, да кажеме, за неколку дена. Потоа полимерните молекули се распаѓаат на елементарни мономери и излегуваат од организмот. На ваков начин препаратот практично не дава несакани ефекти и е апсолутно нетоксичен. Оваа разработка на Институтот за имунологија е прва руска вакцина против ХИВ и СИДА која е допуштена на клинички испитувања.

Но, како што смета Покровски, профилактиката е поевтина од лекувањето: „Доколку се спречат новите случаи на заразување, скапите лекарства нема да бидат потребни. Сепак, современото сексуално однесување на руското општество неизбежно води кон заразување со вирусот ХИВ“, уверен е експертот.

Првиот случај на инфицирање со ХИВ во СССР беше регистриран во 1987 година кај еден воен преведувач кој се врати дома по службениот пат во Танзанија. Во текот на истрагата беше установено дека по верижен принцип од него се заболеле уште 25 лица. Овој факт официјално се смета како почеток на ширењето на епидемијата на ХИВ во Русија. Во средината на деведесеттите години од минатиот век во земјата ослабе контролата врз наркотиците, така што инфицирањето се случуваше најмногу кај зависниците од дрога преку валканите шприцови. Денес, според мислењето на експертите, епидемијата влегува во третата, мошне опасна фаза – генерализирана, кога вирусот ХИВ се шири кај целото население. Од 90 илјади нови случаи на заразени со ХИВ, а кои се регистрирани во Русија во 2014 година, речиси 42% се поврзани со пренесување на вирусот по сексуален пат.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1