Љубов во Аушвиц: Романсата со суровиот нацист ѝ го спасила животот


Иако на почетокот била згрозена од ситуацијата во која се нашла, Еврејката Хелена Цитронова го засакала својот љубовник.

По доаѓањето на Хитлер на власт, во далечната 1933. година, донесен бил закон за забрана на односи меѓу “ариевци” и Евреи. Сепак, такви врски постоеле во Третиот рајх помеѓу најмонструозните луѓе и нивните жртви.ausvic ljubov

Тоа биле изопачени љубови во изопачено време, за време на владеењето на Нацизмот, во Аушвиц. Тие луѓе правеле сè за да го спасат својот, и животот на своето семејство. Една од нив била Еврејката Хелена Цитронова. Таа работела во складиштето “Канада” во кое се сортирале предметите на осудениците на смрт, пред да бидат пратени во Берлин. Еден ден била одбрана да му пее роденденска песна на командантот Франц Вунш, и со тоа успеала да го заведе. Тој ѝ давал внимание, ѝ праќал колачи и пораки, а таа сето тоа го доживувала со грозење.

“Мислев дека попрво би умрела отколку да бидам во врска со нацист. Долго постоеше само омраза. Не можев ниту да го погледнам”, изјавила неколку години подоцна Цитронова, објаснувајќи дека нејзините чувства со време се менувале.

Во еден момент во Аушвиц пристигнала и нејзината сестра со децата, каде ги чекала гасната комора. Тогаш Цитронова ги земала работите во свои раце. Вунш успеал да ја спаси нејзината сестра, но не и децата.Screenshot_28

Хелена и нејзината сестра го преживеале Аушвиц, иако нејзината врска со Франц не се развила понатаму. Двете подоцна сведочеле во негова корист за време на воените судења.

“Тој направи нешто прекрасно. Имаше моменти кога заборавав дека сум Еврејка и на крајот го засакав…но тоа не беше реално”, рекла Хелена. Таа знаела дека чувствата на Вунш биле силни и искрени, бидејќи константно го ризикувал животот поради неа. Иако била со него само поради ситуациите во кои се наоѓала, сепак на крајот нејзините чувства се промениле.

Инаку, Вунш за време на судењето бил опишан како сурова личност која ги мрази сите Евреи, но сепак не бил осуден. Починал пред шест години. “Се заљубив во Хелена Цитронова и тоа промени. Станав нов човек под нејзиното влијание”, рекол тогаш на судењето.

Хелена често зборувала дека сеќавањата од Аушвиц ја прогонуваат. “Се сеќавам на сè, секоја минута”, рекла таа во 2003. година, а починала две години подоцна.

Tocka.com.mk

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1