„Таск килерите“ и „чистачите на меморија“ за Андроид уредите се меѓу најсимнуваните апликации, особено меѓу уредите со гигабајт или 512 мегабајти РАМ меморија. Луѓето ги сакаат овие апликации, но тие, изгледа, носат повеќе невољи отколку што му помагаат на Андроидот.
Според PhoneArena порталот овие апликации не би требало да ги користите воопшто, дури ни кога зафатеноста на системот или меморијата за апликации е на 90 или повеќе отсто.
Навиките од компјутерите не учат дека подобро е да имаме што повеќе слободна РАМ меморија, за уредот да работи подобро. Сепак, начинот на кој компјутерот и телефонот ја третираат РАМ меморијата се разликува, посебно на Андроид. Гугл осмислил РАМ меморијата „секогаш да биде полна“.
Всушност, апликациите остануваат вклучени во позадина, а тоа, меѓу другото, го овозможува РАМ меморијата, со цел во реално време да добиваме известувања и информации.
Апликациите, воглавно, се дизајнирани и направени така што секогаш остануваат вклучени во позадина и кога ќе ги „убиете“ со „Таск килер“, тие повторно ќе оживеат за неколку секунди – едноставно, такви се.
„Неуништливи“ се апликациите како Facebook, FacebookMessenger, Vine, Twitter, Viber, WhatsApp, Hangouts, Evernote, всушност повеќето апликации кои ги користите секојдневно. Дури и рачно да ги исклучите, тие кога тогаш ќе се активираат повторно. Тоа им е работа, а Андроидот во позадина секако ќе ја наполни РАМ меморијата до 80 или 90 отсто штом вие ја испразните.
Кога ќе инсталирате Task Killer, или Auto Task Killer апликација, вие всушност го гушите и збунувате телефонот кој константно ги гаси, а потоа активира апликациите и така во круг. Тоа негативно влијае врз брзината на работа и врз батеријата.