Во Велес попладнево поради силниот дожд поплавени се најголем дел од главните градски улици каде нема атмосферска канализација, а отежнато е одвивањето на сообраќајот.
Од Центарот за справување со кризи соопштија дека поради невремето од 15 часот има прекин на електрична енергија во велешките села Горно и Долно Оризари, Богомила и Чашка.
Околу 16 часот гром удри во куќа во населбата Керамидна на улица „Луј Пастер“ бр 8. во Велес. Од Центарот за справување со кризи, информираат дека громот удрил во оџакот и оштетил половина од покривот на куќата. Од Противпожарната единица од Велес истакнаа дека благодарение на силниот дожд куќата не изгорела.