Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.
Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово-Дебар и на планинскиот превој Стража, од 21.15 часот воспоставена е забрана за движење на тешки товарни возила.
Патниот правец Валандово – Удово, поточно кај селото Јосифово е целосно расчистен и оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај селото Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива вода сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.