Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Побилни ќе бидат во крајните западни и североисточни делови. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до околу 70 км/ч.
Дневната температура ќе се движи од 7 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време со температура до 20 степени.