Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа Чиле, но нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета. Според најавите на надлежните, не постои опасност од цунами.
Американскиот геолошки институт информираше дека земјотресот бил со јачина од 6,0 степени и дека епицентар се наоѓал 28 километри југозападно од Илапел, Чиле во близина на централниот брег на земјата. Земјотресот бил со длабочина од 49 километри.
🔴 VIDEO | Así se vivió el sismo de 6.3 en la Plaza Italia de Saniago durante el #SuperLunes de manifestaciones en Chile. (📹: @galeriacima) pic.twitter.com/B00aAjA2rO
— CORTA (@cortanews) November 4, 2019
Властите во Чиле соопштија дека земјотресот бил почувствуван во главниот град на земјата и централните градови, а камерите снимија кога тоа се случи среде најновите протести против владата на претседателот Себастијан Пињера.