Силен земјотрес утрово во 6.57 часот го стресе главниот град. Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4.4 степени според европската скала, на длабочина од 2 киометри. Епицентарот на земјотресот бил на 3 километри југоисточно од Скопје.Силниот потрес предизвика паника и буквално ги крена од кревет скопјани и ги извади надвор на улица.