Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска денеска со честитка за Прочка.
– Прочка е ден што ме враќа во детството, ама неговата вистинска суштина ја разбрав дури кога пораснав. Бидејќи, само зрел и голем човек може да побара прошка за сторена грешка и да се покае, но и да даде прошка некому кој му згрешил. Прочка е христијански празник на помирувањето и простувањето како лек и за сопствената душа, но и за општествените рани. Како никогаш порано, сите ние треба да се обединиме околу оваа хуманистичка мисла.
Правната одговорност е друга работа: за неа постојат норми и процедури, кои кога не се почитуваат создаваат селективна правда, што е понекогаш и поголема неправда од првичното дело.
Да си посакаме не само убав и спокоен ден со најблиските, па и со оние од кои сме се оддалечиле, но и да си посакаме оваа мисла да нѐ води низ целата година. Да бидеме совесни пред себе и пред Бога, за да не им грешиме на другите и да не застрануваме од патот на моралот, вредностите, совеста и правдата, напиша таа.