Силна експлозија го потресе Марибор – има повредени станари (ВИДЕО)


Силна експлозија и пожар попладнево го потресе словенечкиот град Марибор

Во екслозија на плински уред во станбена зграда петмина станари се повредени од кои еден е со тешки повреди. Целосно се уништени 15 станови , како и возилата паркирани пред зградата.

Силната експлозија од плински уред се случила во стан на третиот кат , сопственост на 52 годишен маж, кој не бил во станот. По експлозијата избувнал пожар во кој се уништени 15 станови во зградата , а станарите се евакуирани.

Во тек е сместувањето на станарите, кои останале на улица , како и увид за причините на пожарот кој избувнал попладнево околу 16 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1