Во напад на ајкула загина Австралиец со македонско потекло


Триесет и тригодишниот доктор, Даниел Кристидис по потекло од Македонија, вчера им подлегна на повредите , откако беше нападнат од ајкула додека нуркал во близина на островот Вајтсандеј во австралиската држава Квинсленд.

Докторот со тешки повреди бил пренесен во болница , каде починал. Тој живеел во државата Викторија и бил на одмор во Квинсленд.

Во понеделникот вечерта нуркал во заливот Сид Харбор , каде во септември во напад на ајкула загинаа двајца туристи. Кристидис работел како хирург во Викторија од февруари годинава.

Колегите го опишуваат како посветен доктор на своите пациенти , кои секогаш давал максимум за нив.

По трагедијата , полицијата во Квинсленд забранила пливање во целата област.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1