Силно невреме го погоди Белград


Невреме, проследено со пороен дожд и силен ветер, доцна попладнево го погоди Белград, предизвикувајќи дефекти во електричната мрежа и застој во сообраќајот, јави ДПА.mirijevoyoutube

Поради невремето големи делови на српскиот главен град останаа без струја, а десетици илјади луѓе останаа заглавени во своите возила во време на попладневниот сообраќаен метеж околу 18 часот, кога невремето го достигна својот максимум.

Неколку клучни крстосници во градот беа поплавени, а надојдените води носеа автомобили и контејнери за смет. Силниот ветар откорна и повеќе дрва.Обилните дождови предизвикаа голем потоп и колапс во сообраќајот на Автокоманда, а создаде и колона на возила од Храмот Свети сава во правец кон Вождовец.Screenshot_102

Засега нема информации за повредени при невремето, но полицијата издаде предупредување до граѓаните да остант во своите домови и да не се движат со автомобили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1