Нестабилноста која доцна попладнево го зафати охридско-преспанскиот регион и која беше поизразена на планината Галичица предизвика краткотрајно невреме и во Охрид.
Околу 19 часот за кратко време наврнаа 18 литри/м2 дожд, а имаше и појава на град со големина на леблебија, информираат од УХМР.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од невремето кое го зафати Охрид.