Силно невреме пропратено со пороен дожд и грмотевици го зафати главниот град. За кратко време наврнаа огромни количини дожд, а дуваше и засилен ветер.
Утре времето ќе биде претежно сончево со локална облачно, попладне во западните, северозападните, североисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Температурите од 19 до 31 степен.
Во недела претежно сончево со локална облачност, попладне само во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со температури од 21 до 33 степени. Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд ќе биде и во понеделник и вторник кога се очекува и опаѓање на максималните температури. Во понеделник од 18 до 30 степени, додека пак во вторник тие ќе се движат во интервал од 20 до 32 степени.