Силно невреме ја очекува Македонија попладне


Македонија од денеска попладне повторно ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови во наредните денови нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

nevrijeme-u-njemackojОттаму посочуваат дека нестабилно денеска ќе биде најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјата, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и појава на невреме со интензивен пороен дожд, град и силни електрични празнења. Се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог, над 30 литри на метар квадратен.

Процесите ќе бидат во форма на невреме и во текот на утрешниот ден, а постабилно време се очекува за време на викендот.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да има поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат во големи групи, туку раздвоени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1