Од утре (среда) па во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе подпадне под влијание на нов циклон, името на циклонот е СИЛВИЈА.
Истиот ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ на атмосферата па така врнежите и грмежите ќе бидат се почести и локално ќе бидат значително ПОРОЈНИ проследени со засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Во текот на следните денови исто така локално се очекува да наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ ( преку 30 – 40 л/м2).