Силно невреме во Србија – доаѓа и кон Македонија


Шлепер се превртел од силниот ветер, а камион излетал од патот поради лошите временски услови.

Вистинска олуја беснееше во Србија, а снегот блокираше неколку патишта.

Се очекува и денес ветер со 100 километри на час, а невремето ги исплашило жителите.

Во Македонија пак по снегот, мразот и дождот, проследени со силен ветер, времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до пет степени.

Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1