Системот во Албанија ги избришал снимките со Груевски – ќе остане тајна како избегал


Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.

– Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува, рече Јовески.

Тој додаде дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека нашето Обвинителство направило сè по процедура, но дека резултатот е тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1