Попладневно хрватскиот главен град Загреб го зафати силно невреме, проследено со силни ветрови, грмотевици, дожд и град, при што многу улици се поплавени.
Искршени се повеќе дрвја, а на одредени места паѓал и град со големина на лешник. Поради тоа што за само некоку моменти биле поплавени повеќе улици, сообраќајот се одвива отежнато.
Според најавите на хрватските метеоролози, уште еден бран на невреме се очекува.