Силно тресеше и во Македонија- Земјотрес од 6.4 степени во Драч


Земјотресот кој утринава пред 4 часот по полноќ ја разбуди Македонија е со јачина од 6,4 степени по Рихтер и со епицентар во градот Драч во Албанија. Поместувањето на тлото е на длабочина од 10 километри.

Предмалку во Скопје беше почувствуван многу силен земјотрес, која траеше долго, речиси 20 секунди, според кажувањата на граѓаните по социјалните мрежи.

Според пишувањата на граѓаните на социјалните мрежи земјотресот бил многу силен и бил почувствуван во цела Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1