Полицијата од Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “силување”.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
И.М. на 31.03.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка во Пласница и во периодот од 23,00 часот на 31.03.2015 година до утринските часови на 01.04.2015 година по пат на употреба на сила и закана, без согласност на оштетената извршил полов напад и физичко насилство.
Откако го извршил делото со возило ја вратил оштетената до Македонски Брод и ја оставил на патот.