Силувал малолетничка и ја оставил на отворен пат кај Македонски Брод


Полицијата од Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “силување”.siluvanje

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

И.М. на 31.03.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка во Пласница и во периодот од 23,00 часот на 31.03.2015 година до утринските часови на 01.04.2015 година по пат на употреба на сила и закана, без согласност на оштетената извршил полов напад и физичко насилство.

Откако го извршил делото со возило ја вратил оштетената до Македонски Брод и ја оставил на патот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1