Скопјанка вчера пријавила дека на 25 јуни во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице.
МВР информира дека мажот го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го силувал.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.