Силување на малолетничка во Гостиварско – Тројца приведени


Три лица се приведени, а по двајца е распишана потерница откако во полиција било пријавено силување на малолетно девојче во едно гостиварско село, соопшти МВР.

– На 26 октомври по претходно добиена пријава за обљуба на малолетнo женско лице од гостиварско село направена во неколку наврати, извршен е претрес во домот на Н.Е. (58), каде биле затекнати и Б.М.(55) и А.М. (62).Тројцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а за Џ.С. и А.Р. е распишан централен распис, велат од МВР.

Од таму додаваат дека полицијата работи на расветлување на случајот и утврдување одговорност за сите инволвирани во него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1