Силувано девојче излегло од плиток гроб во кој ја закопале силувачите


Пакистанска тинејџерка успеала да се откопа од плиткиот гроб во кој жива ја закопале двајца напаѓачи откако ја сулувале.

13-годишната девојка била грабната додека одела на предавања за Коранот во нејзиното село во Пунџаб, а насилниците ја силувале во некоја изолирана област. Потоа тие ја закопале жива но мислеле дека умрела во текот на грозоморниот чин на силување.

pakistan-lahore-minorgirlrapecase10-16-2013122728lНо девојчето се освестило и успеало да се откопа од калливиот гроб и спасена од случаен минувач. Девојчето потоа е однесено во болница и закрепнува од ужасните повреди нанаесени од силувачите.

Според весникот Њујорк Пост, нејзиниот татко Сидики Мугхал им пријавил на локалните полицајци дека девојчето било грабнато но тие првично одбиле да го истражат инцидентот. Откако се кренала врева за бруталниот напад по наредба на истражен судија се приведени двајца осомничени за нападот.

Силувањето деца станува голем проблем во Пакистан. Според тамошната органзација за заштита на децата, бројот на силувани деца е во постојан пораст. Така во периодот од 2002 до 2012 бројот на силувани деца се зголемил од 668 на 2,788.

Еден од најбруталните случаи е оној на Каинат Соомро која како 13-годишна во 2007 година беше силувана од четврица мажи. Откако се опорави и почна да зборува за напаѓачите се најде под удар на селаните и беше наредкувана црна вдовица. На најсиното семејство им беше наредено да ја убијат за да очистат срамот, но тие одбија да го сторат тоа и покрај заканите.

Нејзиниот татко и браќата беа претепани, а најстариот брат бил киднапиран а потоа пронајден мртов. И покрај упорноста во борбата за правда, на крајот семејството констатираше дека едноставно во таа битка “загубиле се“

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1