Една од најневеројатните човечки судбини која светските медиуми ја пренесоа пред една година, а до денес е сеуште целосно не разјаснета. Се започнало кога жителите на една приградска населба од Лондон го пронашле мртвото машко тело.
Дали некој го убил? Дали станува збор за сообраќајна несреќа? Прашањара се нижеле, а единствена надеж за решение на проблемот понудила СИМ картичката која била пронајдена во неговите џебови.
-Младо момче од 20-години се здобило со многу големи повреди на главата и лицето, но кај него не биле пронајдени документи за лична идентификација и никој не го пријавил неговото исчезнување.
Беше црнец, во фармерки и маица, носше патики. Со лицето беше свртен кон земјата. Сите бевме шокирани и мислевме дека е убиен- изјавил еден од жителите.
ББС ја објави и снимката од телефонскиот разговор со мажот кој го пријавил пронаоѓањето на телото на улица. На снимката може да се слушнат зборовите „Тоа личи на човечко тело“.
Ни полицијата на почетокот не била сигурна како настанала смртта.
-Мислевме дека се работи за сообраќајна несреќа. Но, тоа е мирна улица- вели полицаецот Џејми Алсап.
Неодамна е утврден неговиот идентитет, за утврдување на идентитетот помогнала СМС картичката од неговиот телефон.
Неговото име било Жозе Матада, стар 26 години, а испаднал- од авион во лет! Полицајците ги повикале сите броеви од картичката.
Во почетокот мислеле дека е од Ангола, поради парите кои ги носел со себе, но сега е утврдено дека е од Мозамбик.
Имено, тој не бил ни регистриран патник во авионот, ниту дел од екипажот. Бил всушност „слеп“ патник во авионот, а испаднал кога пилотот ги исфрлил тркалата пред слетувањето.
Работничката од мртовечницата Алисон Томпсон рекла дека не е прв пат да види тела на лица кои испаднале од авион и дека во овој дел на Лондон имало и ќе има такви случаи.
Во авионот влегол со надеж дека во Европа ќе наиде на подобар живот
Пораката која Жозе ја пратил од својот мобилен телефон до Џесика Хант, неговиот некогашен работодавач, помогнала најмногу во истрагата. Тој одреден период работел во нејзината куќа.
Таа била во шок кога од полицијата дознала што се случило.
-Плачев и бев во шок- изјавила таа.
Па, благодарение на нејзината помош, бил откриен идентитетот на Жозе. По тетоважите било утврдено за кого станува збор.
-Тој беше многу фин и љубезен млад човек. Постојано зборувше за тешкиот живот во Мозамбик. Имено, неговата област била погодена од поплава оттогаш се тргнало на лошо. Многу ми недостига-изјавила таа.
Според нејзините зборови тој подобриот живот решил да го побара во Европа.
Имал живот за кој би можело да се напише роман
-Во една прилика му реков дека за неговиот живот може да се напише роман-рекла таа.
Неколку дена подоцна, од него добила СМС порака во која тој ја известил дека ќе оди во Европа.
-Само сакав да ми кажеше порано кои му се плановите и барем да се обидев да го спречам да не влеува во тој авион.
Полицијата сеуште не го пронашла семејството на Жозе, а тој е погребан во неозначен гроб, во близина на местото каде што паднал од авионот.