Симната од листата на најбогати жени на светот, бидејќи е премногу дарежлива


Познатата писателка Ј. К. Роулинг беше една од најбогатите луѓе на светот во 2001 година, но оттогаш нејзиното богатство драстично се намали. На листата на најбогати на „Форбс“ нејзиното име го нема. Сепак, поголемата количина пари авторката на „Хари Потер“ го дала во хуманитарни цели. Таа не жали поради тоа што своите пари ги поделила на помалку среќните луѓе, таа е многу горда на тоа.hari-poter-pisatelka-rowling

– Кога имате повеќе од што ви е потребно, тогаш сте во морална обврска тоа да го искористите на паметен начин – изјавила хероината на љубителите на научно фантастичните приказни. Роулинг пред својот успех била во лоша финансиска ситуација, но од тој период излегла полна со емпатија.

Таа помага на самохраните мајки, на клиниките за детски болести, на младите таленти кои сакаат да бидат писатели, на луѓето кои боледуваат од мултпла склероза, и на многу други.

Роулинг сега е милионерка, иако не е повеќе не листата на „Форбс“, таа ги променила животите на илјадници луѓе, што е многу поважно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1