Син снег, со мирис на железо наврна во Чељабинск


Жителите на Чељабинск, руски град над кој во 2013 година експлодира метеор, се вознемирени откако во нивниот град наврна снег во сина боја, јави „Русија денес“

– Кога осамна денешниот ден здогледаме сини покриви и сини паркинзи. Не фати паника и не знаевме што да правиме – изјави за порталот „РД“ жител на Чељабинск. Тој додаде дека необичниот снег мирисал на железо.14022015170914_Plavi sneg

Синиот снег е забележан во индустриската зона и во крајните населби на градот. Некои се сомневаат дека снегот е контаминиран со токсични материи.

Дописничката на Телефакт, Александра Артомонова вели дека можела „да го почувствува слаткиот вкус на снегот во устата“. Таа истакна дека жителите, кои минале низ контаминираното пдорачје, се жалат на болки во грлото.

Медиумите укажуваат на податокот дека ниту Министерството за вонредни состојби, ниту Министерството за екологија, се уште не се огласиле за овој случај.

„Лајфњуз“ тврди дека за синиот снег е одговорна локалната фабрика, која произведува боја за велигденски јајца, поради тоа што дел истекол надвор од фабричкиот круг. Компанијата „Витекс“ уверува дека сусптанците што таа ги користи не се закана за човековото здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1