Синоќа пожар во Народна банка и во Макстил


Во Скопје на улица „Филип Втори“ во објект на Народна банка, синоќа околу 19:40 кој е во изградба, настанал пожар во кој е опожарена пилевина.

Пожарот е целосно изгаснат околу 20:10 часот од екипа на Противпожарна единица.

Ноќеска на полноќ од Противпожарна единица било пријавено дека избувнал пожар во кругот на фабрика „Железара“ каде бил запален отпад од „Челичарница“ и дека од нивна страна се интервенира од околу 21:30 часот.

Вчера исто така, во село Бигла Долна Маала, Делчево настанал пожар во куќа сопственост на О.С. (51).

Пожарот што избувнал во 12 часот е изгаснат во 15 часот од страна на екипа од Противпожарна единица – Делчево, по што е извршен увид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1