„Синот ме силуваше на Велики петок“: Застрашувачка исповед на мајката на српски монструм


Jа заклучи вратата тргна кон мене викајќи „соблекувај се“. Почна да ме удира и шутира, јас плачев и го молев велејќи му „сине, мајка сум ти, што правиш!“. Кога една мајка ќе доживее такво нешто од своето дете, тоа е најстрашно, изјавила за српски Телеграф Аница, мајката на Саша Гавришиќ, кој е уапсен поради силување во Нови Сад.

Таа додала декa веќе се откажала од сопствениот син и дека не сака да го види никогаш повеќе.majkata500

– Се одреков од сопствениот син коj го носев 9 месеци, на кого му подарив живот, кој го хранев, а тој ме силуваше. И да умрам утре тој не смее да ми дојде на прогреб, а ако тој умре – и така веќе не постои за мене, изјавила несреќната мајка.

Триесет и седум годишниот монструм Саша неодамна беше успасен поради силување на 20-годишната В.Ј. од Нови Сад.

Мајката Аница посочила дека нејзиниот син сексуално ја злоставил дури во 2005 година во нивната семејна куќа, но дека и било срам да зборува за тоа.

Таа додала и дека додека постариот син Саша ја силувал, помладиот си играл во дворот, а нејзиниот сопруг бил на село бидејќи било Велики петок и имал слободен ден од работа.

По силувањето тој излегол од куќата, а сопругот на Антица се вратил за неполн час по силувањето, и иако таа целата била во солзи, не собрала храброст да му каже што се случило.

Саша неодамна силуваше 20-годишно девојче во Нови Сад, а неговата мајка тврди дека тоа му е петто силување. Првпат во Белград силувал ќелнерка која била бремена, вториот пат продавачка во пекара, тетиот пат мајката на невенчаната сопруга ја присилил на орален секс, четвртата жртва била неговата сопствена мајка, а петата веќе споменатото девојче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1