Утре и задутре температури до мунус 16 и појава на голомразица


Времето утре во Македонија ќе биде многу студено со умерен до засилен северен ветер, а ќе има и појава на голомразица. Во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од снег со слаб интензитет, а во западните и јужните делови само повремено со умерен интензитет.

sneg pat

Утринската температура ќе се движи од минус 16 до минус осум, а дневната од минус 11 до минус три степени.

Во Скопје времето утре ќе биде претежно облачно и ветровито. И понатаму ќе дува умерен, а на моменти и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 12, а дневната ќе достигне до минус седум степени.

Слично време се очекува и во наредните денови. За време на новогодишната ноќ ќе биде суво, без врнежи, меѓутоа многу студено и ветровито, а на повеќето места температура ќе изнесува минус 10 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1